Инспириранa од принцезата Дијана: Кејт Мидлтон во сина комбинација во Пакистан (фото)
- Детали
- вторник, 15 октомври 2019
Вчера, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнаа во Пакистан, на првата кралска турнеја во државата после повеќе од цела деценија.
Кралскиот пар ќе има навистина напорна недела, пред да се врати во Англија во петок.
Војводата и војвотката од Кембриџ го започнаа првиот ден од турнејата со посета на училиште, со цел да ја нагласат важноста на образованието.
Парот го посети колеџот Islamabad Model, каде што прошетаа низ училниците и се фотографираа со учениците.
За овој настан, Кејт одбра комбинација дизајнирана од локалниот дизајнер Махин Кан – традиционална сина туника и шал.
Во училиштето се запишуваат ученици на возраст од 4 до 18 години, и моментално се применува програмата Teach for Pakistan, која е фокусирана на подобрување на квалитетот на образованието на деца од сиромашни семејства.
Кога слетаа во понеделникот навечер, Вилијам и Кејт беа пречекани од пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши, и неговата сопруга.
После пречекот, парот се упати кон нивниот престој за оваа недела, во главниот град Исламабад.
Кејт и Вилијам како да ги следат чекорите на принцезата Дијана, која неколку пати ја посетуваше државата од добротворни причини. Најверојатно, Кејт побарала инспирација кај Дијана и за нејзиниот изглед минатата вечер.
Парот се надева дека ќе запознае што е можно повеќе Пакистанци, особено млади луѓе, и се надеваат дека ќе се подобри образованието на девојките и младите жени.
Истовремено, тие ќе разгледаат како заедниците во Пакистан се справуваат и прилагодуваат на климатските промени и сакаат да разберат нешто повеќе за безбедноста во регионот.
Спирова С. | Црнобело