Ретко појавување на Том Круз со 24-годишниот посвоен син - Како изгледа денес Конор Круз?
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2019
Сите ја знаат Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, малкумина се сеќаваат дека познатиот актер има посвоено и две деца, со неговата поранешна сопруга Никол Кидман.
26-годишната Изабела и 24-годишниот Конор беа посвоени од славниот пар во 90-тите.
После разводот на Том и Никол, и двете деца одлучиле да останат со Том.
Изабела и Конор ретко се појавуваат во јавноста, па беше вистинско изненадување кога Том се појави во Лондон со Конор.
Таткото и синот беа забележани како разгледуваат хеликоптер. Том, кој самиот ги изведуваше каскадерските сцени со авион за Mission: Impossible, е забележан како му ги покажува контролите на Конор.
Неодамна, Конор го привлече вниманието на јавноста откако се пресели во ресорт во Флорида, што ѝ припаѓа на скиентолошката црква.
Ова покажува дека Конор ќе ги следи чекорите на татко му и дека е заинтересиран за религијата.
„Тој живее во негов дом во заедница на скиентологијата. Има многу пријатели и изгледа дека сите го сакаат“, изјави извор за People во 2018-та година.
Конор сакал да биде диџеј, но изгледа дека денес повеќе ужива во риболовот.
Изабела подобро ја крие нејзината приватност и моментално живее во Лондон, со нејзиниот сопруг. Изгледа дека и таа ја избрала скиентологијата како нејзина религија, а за ова Никол Кидман изјави:
„И двајцата направија избор да бидат скиентолози и како мајка, мојата задача е да ги сакам.“
Спирова С. | Црнобело