Анџелина Џоли, Џастин Бибер и уште 8 познати личности кои биле израснати од самохрани мајки
- Детали
- вторник, 08 октомври 2019
Денес не е ретко да сретнете самохрана мајка. Најчесто овие жени не остануваат сами бидејќи сакаат, туку поради нивните животни околности.
Токму ова им се случило на жените во продолжение, кои се всушност мајки на некои од најпознатите личности на денешницата.
Овие жени се вистинска инспирација и покажуваат дека и сами можат да завршат одлична работа како мајки.
Марселина Бертран, мајката на Анџелина Џоли
Марселина сонувала за кариера во филмската индустрија. Во 1971-ва година, таа се венчала со тогаш младиот актер Џон Војт, а се разделиле 9 години подоцна.
Марселина се откажала од нејзиниот сон и решила да им се посвети на нејзините деца.
Денес Анџелина Џоли не само што е една од најуспешните актерки, туку е и амбасадор на UNICEF и мајка на 6 деца.
Ен Данхем, мајката на Барак Обама
Ен е антрополог и мајка на 44-тиот претседател на САД, Барак Обама.
Таа ја запознала нејзината прва љубов, Барак Обама постариот, додека го изучувала рускиот јазик на Хаваи. Неколку месеци откако се запознале, тие се венчале и го добиле синот Барак.
Тогаш Ен имала само 18 години и се отпишала од факултет за да му се посвети на Барак.
Ен сама го израснала Барак, додека нејзиниот сопруг го довршувал факултетот. Парот се разделил 3 години подоцна, откако Ен дознала дека тој има друга сопруга во Кенија.
Барак е првиот претседател со темна кожа на САД, а е добитник и на Нобеловата награда за мир во 2009-та година.
Џудит Ен Хокинс, мајката на Хали Бери
Џудит работела како медицинска сестра во психијатриска установа. Нејзиниот сопруг, со кој ја добила Хали Бери, работел во истата болница.
Кога Хали имала само 4 години, нејзините родители се развеле, а таа и нејзината сестра Хајди биле израснати од мајка им.
Хали стана првата актерка со темна кожа која доби Оскар за најдобра актерка. Покрај тоа, таа има добиено бројни друг награди, како Еми и Златен глобус.
Ирмелин Инденбиркен, мајката на Леонардо Дикаприо
Кога Леонардо наполнил 1 година, неговите родители, Џорџ и Ирмелин, се разделиле. Леонардо останал со неговата мајка, која имала неколку работни места за да може да го издржи.
Денес Леонардо е вистинска холивудска ѕвезда и активен борец з заштитата на околината. Од 1998-ма година, атерот има донирано над 30 милиони долари за развој на 70 еколошки проекти, и тоа во 40 држави.
Патриша Хики, мајката на Мараја Кери
Мајката на Мараја била оперска пејачка, а нејзиниот татко, Алфред Рој Кери, бил авиоинженер.
Нејзините родители се развеле кога Мараја имала 3 години, а мајка ѝ имала две работни места за да го издржи семејството.
За Мараја, мајка ѝ била вистинска идол и токму таа ја инспирирала да стане пејачка.
Денес Мараја има добиено 5 Греми награди, се има појавено во неколку филмови и е филантроп. Таа е и коосновач на детскиот камп во Њујорк, којшто им помага на децата од сиромашните семејства да ја изучуваат уметноста.