Анџелина Џоли, Џастин Бибер и уште 8 познати личности кои биле израснати од самохрани мајки
Пети Малет, мајката на Џастин Бибер
Пети е канадски писател и продуцент. На 15-годишна возраст таа започнала врска со Џереми Бибер, а 3 години подоцна го родила Џастин.
Набрзо откако се родила идната поп ѕвезда, Пети и Џереми се разделиле, а Пети сама го израснала Џастин.
Кога бил дете, Џастин научил да свири пијано, гитара, труба и тапани. Кога имал 12 години, Пети објавила видео од негова песна, а токму ова видео го направи популарен.
Денес Џастин е еден од најпродаваните музичари во историјата на Канада.
Аманда Корнет, мајката на Селена Гомез
Аманда ја родила Селена на 16 години. Кога пејачката имала само 5 години, Аманда и нејзиниот сопруг, Рикардо, се развеле.
Аманда била театарска актерка, сама ја израснала Селена и ја инспирирала да стане пејачка.
Селена се прослави после соработкатата со Disney, а веќе на 17 години стана светски популарна пејачка.
Донда Вест, мајката на Кање Вест
Родителите на Кање се развеле кога тој имал само 3 години. Неговата мајка работела како професорка по англиски на Универзитетот Чикаго и отсекогаш го поддржувала син ѝ да стане музичар.
Кога кариерата на Кање тргнала во нагорна линија, Донда се откажала од работното место и станала негов менаџер.
Денес пејачот има добиено над 20 Греми награди и се најде на листата на Time за 100-те највлијателни луѓе во светот.
Џуди Ло, мајката на Кејт Бекинсејл
Џуди била во брак со телевизискиот актер Ричард Бекинсејл, со кого ја имала Кејт. Кога Кејт имала 5 години, татко ѝ починал од инфаркт, па Џуди морала сама да се грижи за неа.
Благодарение на мајка си, Кејт ги засакала киното и театарот.
Кога била млада, Кејт почнала да го изучува рускиот јазик на Универзитетот Оксфорд, но се отпишала кога решила да стане актерка.
Бети Лу Бредемус, мајката на Џулија Робертс
Актерката Бети и нејзиниот сопруг, драматургот Волтер Робертс, имале 3 деца – Ерик, Лиза и Џулија.
Парот често имал несогласувања, а кога Џулија имала 5 години, решиле да се разделат. Една година подоцна, Бети повторно се венчала, но и овој брак завршил за кратко.
Денес Џулија е една од најплатените холивудски актерки и е избрана за најатрактивна личност на планетата дури 12 пати.
И покрај тоа што е популарна и со полн распоред, таа се обидува да биде со своите деца што е можно повеќе.
Спирова С. | Црнобело