Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добиле нивното трето дете пред 2 месеци

Според неколку извори, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добиле нивното трето дете.

blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-godobile-nivnoto-treto-dete-pred-2-meseci-01.jpg

Ниту Блејк ниту Рајан ги немаат јавно потврдено новостите, но сепак, според гласините, се верува дека Блејк го родила детето во текот на летото, односно пред 2 месеци.

Парот претходно има зборувано за нивната желба да ги чуваат своите деца настрана од очите на јавноста.

„Сакаме нашите деца да го имаат истиот нормален живот што го имавме ние. Никогаш не сакаме да им го одземеме она што го имавме бидејќи би се чувствувале навистина себично“, изјави Блејк во 2016-та.

blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-godobile-nivnoto-treto-dete-pred-2-meseci-03.jpg

Новото бебе има две постари сестри – 2-годишната Инез и 4-годишната Џејмс.

Во мај, за време на премиерата на Pokemon: Detective Pikachu, Блејк сподели дека е бремена.

На црвениот тепих, таа се појави со жолт фустан и гордо го покажа трудничкото стомаче.

blejk-lajvli-i-rajan-rejnolds-godobile-nivnoto-treto-dete-pred-2-meseci-02.jpg

Подоцна објави и неколку фотографии од настанот, со описот PokeMOM.

https://www.instagram.com/p/BxVDv-XgDzc/

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg