Познати личности кои биле уапсени и нивните полициски фотографии
- Детали
- среда, 02 октомври 2019
Секој има нешто од минатото што сака да го скрие, а познатите не се исклучок.
Само затоа што сте богати и популарни, не значи дека законот замижува кога станува збор за познатите личности. Голем број од нив направиле некој прекршок и биле фатени, па сега си имаат досие и полициска фотографија.
А некогаш, пак, овие фотографии завршуваат во јавноста за да ги види целиот свет.
Погледнете ги познатите, за кои сигурно сте заборавиле дека биле уапсени, и нивните полициски фотографии.
Бруно Марс
Бруно беше уапсен во Лас Вегас, во 2010-а година, откако бил фатен со кокаин, во тоалетот на хотелот Hard Rock.
„Бев млад. Бев во Вегас. Не размислував“, изјави пејачот во врска со инцидентот во 2016-та.
Рис Витерспун
Во 2013-та година, Рис и нејзиниот сопруг Џим Тот биле застанати од полиција, наводно бидејќи Џим возел во погрешна лента.
Проблемот бил што Рис излегла од автомобилот и почнала да се расправа со полицаецот, па била уапсена.
Џастин Бибер
Апсењето на Џастин во 2014-та не беше големо изненадување. Тој период многу се зборуваше за недоличното однесување на пејачот.
Џастин беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба и пружење отпор при апсење. Во 2017-та година, пејачот сподели фотки од апсењето со опис #neveragain (никогаш повеќе).
Клои Кардашијан
Клои беше уапсена во 2007-ма година, за возење во алкохолизирана состојба. Подоцна си заработи и 30 дена затвор, бидејќи ги прекршила правилата додека била пуштена со условна казна. На крајот сепак поминала само 3 часа во затвор, бидејќи немало место.
Винона Рајдер
Во 2001-ва година, Винона беше уапсена за крадење на роба во вредност од над 5.000 долари. После судењето, таа доби условна казна.
Ники Минаж
Ники била уапсена во 2003-та година, пред да стане позната, за поседување оружје. Овој период таа работела во синџирот ресторани Red Lobster.