Први фотки од „генералната проба“ пред свадбата на Џастин Бибер и Хејли
- Детали
- понеделник, 30 септември 2019
Џастин и Хејли со глисер пристигнаа на нивната коктел забава која ја организираа за 36 најблиски пријатели и роднини, како генерална проба пред свадбата.
25-годишниот Џастин и 22-годишната Хејли ја направија главната проба пред свадба на забава со нивните најблиски, каде позираа и уживаа во прекрасната атмосфера.
Идната невеста беше облечена во мини бело фустанче, а пејачот се појави во црни панталони, бела поло маичка и бродарици.
Местото кое го одбрале за проба е украсено со сијалички, масите се декорирани со цветни аранжмани, од таванот висат корпи со зеленило, а гостите уживаат во поглед кон река и природа.
Инаку, парот се регистрираше минатата година на тајна церемонија во Њујорк, а сега решија да прослават заедно со сите и да направат раскошна свадба.
Свадбената церемонија се очекува да се одржи денес во хотелот Montage Palmetto Bluff, каде се и сместени деновиве заедно со најблиските.
Џастин и Хејли на „генерална проба“ пред свадба:
М. М. | Црнобело