„Најгрдите“ холивудски разводи што предизвикаа најмногу врева
Мадона и Гај Ричи
После 8 години заедно, Мадона и Гај Ричи изјавија дека се разделуваат. Сè уште го немаат решено судскиот спор.
Мадона изјави дека бракот бил неуспешен бидејќи романтиката целосно исчезнала, а таа дури и се прашувала дали постои вистинска љубов. На почетокот нештата биле совршени, но набрзо почнала да се сомнева и бракот воопшто не изгледал како што го замислувала.
Џенифер Анистон и Бред Пит
Златната холивудска двојка се венча во 2000-та година, но после 4 години брак, Џенифер и Бред се разделија.
Во 2004-та година се појавија гласини дека се случувало нешто помеѓу Бред и Анџелина Џоли, кои тогаш соработуваа на филмот Mr. and Mrs. Smith. Денес Бред и Анџелина имаат 6 деца.
Робин Вилијамс и Марша Гарс
Парот се вљубил во 1989-та година, кога Марша била дадилка на синот на Робин. Но, после 19 години, тие се разделија, наводно поради нивните разлики што не можеле да ги надминат.
Бритни Спирс и Кевин Федерлајн
На хаотичниот брак кој траеше две години, му дојде крајот во 2006-та година, кога Бритни побара развод.
Според некои извори, Бритни повеќе не можела да го поднесе постојаното излегување на Кевин. Тој дури и ја оставил сама дома, брзо после породувањето, само за да може да оди во Вегас.
Старателството над нивните синови го доби Кевин.
Чарли Шин и Дениз Ричардс
Чарли и Дениз се венчаа во 2002-ра година и останаа заедно 3 години. Заедно ги имаат ќерките Сем и Лола.
Според Дениз и други извори, причини за развод имало безброј. Чарли се однесувал недолично, па дури и ја навредувал својата поранешна сопруга.
Никол Кидман и Том Круз
Никол изјави дека била шокирана кога после 10 години брак, Том побарал развод. Според неа, врската им била одлична, но најверојатно дошло време за крај. Пред разводот, парот имаше посвоено и две деца.
Спирова С. | Црнобело