Новак Ѓоковиќ во ненајавена посета на селото Брзеќе - како награда си доби вреќа компири
- Детали
- четврток, 19 септември 2019
Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ закрепнува по својата повреда на рамото, поради што го прекина учеството на US Open.
Новак решил да го помине слободното време во Србија, но и да го посети селото Брзеќе кое се наоѓа во близина на Копаоник.
Новак бил навистина импресиониран од она што го видел, а тамошните жители дури му подариле и вреќа компири, што тој ја прифатил со задоволство.
На неговите Instagram и Facebook профили тој сподели фотографии од посетата, кои пак предизвикаа вистинска лавина од позитивни коментари.
„Благодарен сум на искуството што го доживеав во Брзеќе. Луѓето од овој крај се навистина пријатни, а истовремено и навистина вреди, а секој од нив има некоја автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживувам бројни спомени од детството. Сретнувам луѓе кои беа дел од моето растење и кои ми помогнаа да го живеам мојот сон како професионален тенисер. Навистина сум полн со емоции. А добив и некој компир, за трудот“, стои во неговата објава.
Ѓоковиќ бил во областа за седмото издание на „Другаријада“, настан на кој учествуваат 130 деца од Србија. Настанот е дел од фондацијата на Новак, чија цел е да ги подобри животите на локалните деца.
Копаоник е важно место за Ѓоковиќ бидејќи токму овде го удрил првото тениско топче и почнал да работи со неговиот прв тренер, сега покојната Јелена Генчиќ.
Спирова С. | Црнобело