Ѕвезди кои одбиваат да користат Instagram и зошто?
- Детали
- понеделник, 16 септември 2019
Социјалната мрежа Instagram ни овозможува да ги следиме нашите омилени славни личности и за момент да се почувствуваме поблиску до нив. Покрај тоа, познатите можат да заработат и неколку милиони со објавување на една фотографија.
Сепак, не сите познати се зафатени од лудилото на социјалните мрежи, а следниве 8 сè уште си немаат направено Instagram профил:
Бенедикт Камбербач
Актерот неколку пати има изјавено дека не се чувствува безбедно на социјалните мрежи. Наводно, тој сметал дека само ќе му го уништат животот.
Сепак, доколку Бенедикт одлучи да си направи Instagram профил, без сомнение би бил забавна личност за следење.
Бредли Купер
Ѕвездата од A Star is Born не сака да открива детали од приватниот живот во јавноста. Дури и кога разговара со новинари, секогаш ги избегнува прашањата за неговото семејство.
Неговиот коментар за тоа што нема профил на социјалните мрежи е:
„Не гледам ништо добро во ова, разбирате? Апсолутно ништо.“
Џенифер Лоренс
Во едно интервју, актерката изјави дека не ѝ јасно значењето на социјалните мрежи. Според неа, дури и праќањето мејл ѝ претставувало проблем.
После скандалот со нејзините лични фотографии, нормално е што Џенифер чувствува закана од интернетот. Сепак, кога ќе помислите на сите смешни незгоди што ѝ се имаат случено на актерката, таа би била вистинска Instagram ѕвезда.
Кејт Винслет
Кејт има изјавено дека според неа, влијанието на социјалните мрежи врз тинејџерите е ужасно. Наводно, луѓето би отишле предалеку за да ги задоволат другите, а ова следење на лажни идеали е причината што Кејт не користи социјални мрежи.
Исто така, членовите на нејзиното семејство имаат забрана да прават профили.