„Не очекував да плачам“: Роналдо погоден до солзи, додека гледа видео од неговиот починат татко
- Детали
- понеделник, 16 септември 2019
Кристијано Роналдо не успеа да ги додржи солзите откако во емисија со Пирс Морган му беше пуштено досега необјавено видео од неговиот починат татко.
Таткото на Кристијано беше поранешен војник, но и алкохоличар чиј црн дроб откажа на 52 години, во 2005-та година, па за жал ги пропушти големите успеси на својот син и неговите четири дечиња.
Во солзи, Роналдо го гледаше новото видео - „Никогаш не сум го видел ова видео. Неверојатно!“
Роналдо зборуваше и за тоа колку непријатно се чувствувал пред неговата девојка и четирите деца, додека се соочувал со обвиненијата за силување.
„Еден ден бев дома, во дневната соба, со мојата девојка и тогаш на вестите слушам како Кристијано Роналдо направил тоа и тоа. Ги слушаш како децата се симнуваат по скалите и го менуваш каналот, бидејќи си засрамен. Се чувствував засрамено.“
Дел од емотивното гостување кај Пирс Морган:
М. Д. | Црнобело