Бритни Спирс на плажа на Хаваи, побегна од семејната драма со синот и татко ѝ
- Детали
- четврток, 12 септември 2019
Бритни Спирс периодов се обидува да се сокрие од медиумите, со оглед на тоа што изби скандалот во кој татко ѝ го нападнал нејзиниот син, по жестока расправија.
37-годишната пејачка реши да одмори од семејната драма на плажа на Хаваи, додека медиумите шпекулираат за скандалот со нејзиниот татко и 13-годишниот син.
Татко ѝ беше обвинет дека бил насилен и го нападнал нејзиниот син Шон Престон Федерлајн, кога среде бурна расправија решил да се заклучи во соба.
„Џејми и Шон се скараа. Шон не се чувствуваше сигурно и се заклучи во друга соба. Џејми ја скрши вратата, влезе насилно во собата, додека Шон беше во шок,“ гласат обвиненијата.
Била донесена забрана за доближување на Џејми до синовите на Бритни, која ја поднел нивниот татко, Кевин Федерлајн.
Како Бритни реши да се опушти по стресниот месец?
М. Д. | Црнобело