Славните се сеќаваат: Најлошите искуства од школските денови
- Детали
- сабота, 14 септември 2019
Прва асоцијација на септември е училиштето. Барем за помладите генерации. Децата генерално го сакаат првиот ден на училиште, најмногу бидејќи ќе ги видат своите пријатели. Но остатокот од училишните денови и не е толку интересен.
За некои, овој период од годината носи на површина дури и сеќавања што попрво би ги заборавиле.
Овие познати личности, исто така, имале непријатни искуства од детството додека оделе на училиште:
Рајан Гослинг
„Требаше да одам во 1-во одделение. Цело лето го гледав Рамбо, со Силвестер Сталоне. Во мојата соба ги имитирав неговите движења и извици... Бев опседнат со овој филм.
Првиот ден на училиште сакав да се покажам и скрив два или три кујнски ножеви во торбата. На паузата се обидов да ги фрлам накај другарите, исто како и Рамбо. За среќа, бев лош и не повредив никого.“
Камерон Дијаз
„Бев во основно училиште, имав околу десет години и ги барав моите пријателки на игралиштето. Еден ученик трчаше по мене, ми ги зграпчи зглобовите и се преправаше дека ме зема како заложник.
После тоа, се обиде да фрли камења кон мене. Не се сеќавам многу добро на овој настан, но поради истиот ги мразам сите филмови каде што треба да глумам заложник.“
Џесика Алба
„Имав единаесет години кога се преселив во друго училиште. Значи, ново училиште, нов клас, нови пријатели... и денот го поминав во здолниште, облечено наопаку. Никој не ми кажа ништо! Секогаш си велам дека можело да биде полошо.“
Џулијан Мур
„Мислам дека бев на колеџ кога моето семејството се пресели од Соединетите Држави во Германија. Бидејќи требаше да живееме таму некое време, испративме голем пакет со облека со брод.
Пратката, односно бродот доцнеше, па јас, мојот брат и мојата сестра одевме на училиште во летна облека, додека во Германија беше есен.“
Ашера | Црнобело