Amazon и Blue Origin: 10-те најскапи нешта што ги поседува Џеф Безос
- Детали
- вторник, 10 септември 2019
Ако бевте најбогата личност на светот, што би си купиле? Иако речиси секој од нас си го има замислувано тоа сценарио, денес само Џеф Безос знае како изгледа.
Џеф е основачот на Amazon, најуспешната онлајн продавница во светот, а истовремено е и најбогатиот човек на планетата со богатство од околу 113 милијарди долари.
Иако е познато дека Џеф е скромна личност, тој сепак поседува неколку вртоглаво скапи работи.
Amazon
Иако Џеф не ја поседува целата компанија, 12-те проценти што се негови се дефинитивно најскапото нешто што го има. Како основач на овој онлајн пазар, Џеф зема повеќе од 100 милијарди долари од неговиот дел.
Механички часовник за 10.000 години
Џеф одвоил дури 42 милиони долари за овој предмет. Часовникот е уникатен бидејќи е дизајниран да го покажува времето 10.000 години. Иако часовникот сè уште не е завршен, Џеф се надева дека ќе биде навистина уникатен предмет во којшто ќе можат да уживаат дузина идни генерации.
Blue Origin
Исто како Илон Маск, и Џеф е привлечен од вселенските патувања. Поради тоа, тој ја основа компанијата Blue Origin чија цел е да ги истражи можностите за комерцијалните вселенски патувања.
Куќа покрај езеро во Сиетл
Изгледа дека Џеф не штеди кога станува збор за недвижнини. Еден од неговите најпопуларни домови е вилата во Сиетл. Наводно, овој дом го чинел неверојатни 10 милиони долари.
Најголемата куќа во Вашингтон
Џеф е сопственик и на најголемата куќа во Вашингтон за која платил дури 23 милиони долари. Оваа вила била музеј за текстил, а после купувањето, Џеф потрошил уште 12 милиони за реновирање.