Зошто Меган Маркл не смее да носи дијаманти пред 18 часот?
- Детали
- вторник, 10 септември 2019
Можеби најинтересното нешто во животот на кралското семејство е нивниот кралски протокол кој како да има безброј правила.
Од правила за облекување, па сè до правила за седење, навистина не е едноставно да бидете во тек со сè.
Неодамна се појавија нови информации дека кај кралското семејство има и правило за носење дијаманти. Наводно, членовите на кралското семејство не смеат да го носат нивниот најдобар накит пред 18 часот попладне.
„Другите скапоцени камења се носат пред 18 часот. Пред 18, ќе видите метал, благородни камења, бисери, сафири. Навечер ќе ги видите дијамантите, а причината за ова е да не изгледате како да се фалите со вашиот изглед.“ изјавила експертот за кралско однесување, Мика Мејер.
Но изгледа дека ова правило повеќе не е толку строго, бидејќи Меган Маркл неретко е забележана како носи дијаманти дури и во текот на денот. Сепак, поголемите и повпечатливите парчиња накит ги чува за ноќните часови.
Па, со други зборови, поголемиот накит останува за навечер, додека помалите дијаманти можат да се носат и во текот на денот.
Спирова С. | Црнобело