Каков парфем носеле кралицата Елизабета, принцезата Дијана и Кејт Мидлтон на нивите венчавки?
- Детали
- понеделник, 09 септември 2019
Најчесто на венчавките целото внимание е свртено кон венчаницата, а кога ќе ги земете предвид раскошните венчаници на кралските невести, не е ни чудно што луѓето со години зборуваат за нив.
Можеби овие венчаници се само фантазија за нас, но дали сте помислиле на нивните парфеми? Парфемите се сепак подостапни за нас, па и вие можете да мирисате како принцеза.
Погледнете кои се парфемите што ги носеле Елизабета, Дијана и Кејт на нивните венчавки:
Кралицата Елизабета
За жал, не постојат точни информации за парфемот што го носела кралицата нејзината венчавка во 1947-ма година.
Сепак, најверојатно носела парфем од компанијата Floris. Оваа семејна парфимерија го снабдува кралското семејство уште од 1820-та година, а нивните парфеми до денес се омилените на Кралицата.
Од Floris немаат откриено кој е омилениот парфем на кралицата, но експертите сметаат дека најверојатно е White Rose. Овој парфем има основа од мошус, со ноти од роза, јасмин и каранфил.
Принцезата Дијана
За време на венчавката во 1981-ва година, парфемот на Дијана Спенсер речиси предизвикал хаос. Мејк-ап артистката на Дијана, Барбара Дели, открила дека принцезата случајно истурила парфем на нејзиниот фустан додека се обидувала да го нанесе на зглобовите.
За среќа, Барбара ѝ покажала трик со кој ќе ја скрие дамката – ѝ рекла да го држи фустанот каде што е дамката, така што ќе изгледа како да го крева од земјата.
Парфемот што го носела Дијана бил Quelques Fleurs L’Original од Houbigant. Француската компанија го опишува парфемот како сензуален мирис со ноти на јасмин, тубероза, сандалово дрво и момина солза.
Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ носела помалку познат парфем на нејзината венчавка во 2011-та година.
Брендот Illuminum се наоѓа на пазарот само 10 години, а парфемот што го одбрала Кејт е White Gardenia Petals.
Парфемот се одликува со женствени носи на гарденија, јасмин и момина солза. Штом јавноста дозна за ова, парфемот веднаш бил распродаден.
Спирова С. | Црнобело