Вилата на Комо, Tesla автомобил: Најскапите работи во сопственост на Џорџ Клуни

Бренд за текила

Во 2013-та година, Џорџ Клуни и двајца негови пријатели го основаа брендот за текила Casamigos. Секој од нив вложил по 600.000 долари. Производите се продавале одлично, а брендот бил продаден во 2017-та година за 1 милијарда долари. Навистина одлична заработка.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-07.jpg

Имотот Berkshire: 13 милиони

Џорџ и Амал Клуни најголемиот дел од времето го минуваат во вилата Berkshire. Вилата е направена во 17-тиот век, а парот ја купи неколку денови после нивната венчавка во Венеција.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-08.jpg

Рачен часовник Omega Speedmaster Moonwatch Professional

Кога астронаутите од Аполо 11 заминаа во вселената, компанијата Omega им подари по еден часовник. Кога се вратија, од компанијата добија уште еден подарок – ексклузивна златна верзија од часовниците.

Според некои извори, брендот се обидел да креира нешто што наликува на бојата на месечината.

5 децении подоцна, компанијата го одново лансира моделот Omega Speedmaster Moonwatch Professional. Денес постојат само 1.000 вакви часовници, а еден му припаѓа на Клуни.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-09.jpg

Автомобил Tango 600: 100.000 долари

Овој електричен автомобил прв пат се појави на пазарот во 2005-та година. Моделот го привлече вниманието поради неговиот тесен дизајн, а идејата била автомобилот да се полни за три часа.

На Клуни му се допаднала идејата и купил еден, а токму ова го прослави автомобилот.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-10.jpg

Автомобил Tesla "Signature 100" Roadster: 100.000 долари

Клуни си го купи и овој автомобил, но во 2012-та година го продаде на аукција. Парите од продажбата беа наменети за жртвите во Судан. Истата година Клуни беше уапсен на протест пред суданската амбасада.

najskapite-neshta-shto-gi-poseduva-dzordz-kluni-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg