Вилата на Комо, Tesla автомобил: Најскапите работи во сопственост на Џорџ Клуни
- Детали
- недела, 08 септември 2019
Без сомнение, Џорџ Клуни е еден од најуспешните актери на сите времиња. Иако актерот го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, познато е дека неговото богатство изнесува околу 500 милиони долари.
Па, не е изненадувачки фактот дека Клуни навистина го живее најдобриот живот што можат да го понудат парите.
Погледнете кои се најскапите нешта што ги поседува Џорџ Клуни:
Вила во Италија: 13 милиони
Клуни има инвестирано милиони во недвижнини ширум целиот свет. На пример, тој има дадено 13 милиони за прекрасната вила во Италија.
Ова градба од 18-тиот век има 13 спални соби, 11 тоалети, огромна гаража, базен, теретана и тениско игралиште.
Семејството Обама, Кетрин Зета Џоунс, Мајкл Даглас и Бред Пит се само некои од славните гости што биле поканети од вилата. Кога семејството Обама беше на гости, никој не смеел да му се приближи на имотот повеќе од 90 метри.
Автомобил Chevrolet Corvette V8 C1 Convertible
Клуни е горд сопственик на овој автомобил. Иако овој модел е вредна класика, автомобилот има и сентиментална вредност за актерот. Наводно, татко му го купил автомобилот уште во 1958-ма година.
Домот во Лос Анџелес: 2,3 милиони
Изгледа дека актерот има беспрекорен вкус за домови. Во 1995-та година, актерот ја купи оваа вила во Лос Анџелес. Домот има неколку спални соби, огромен подрум за вино, кино и терен за кошарка.
Мотори
Џорџ Клуни е вистински обожавател на моторите. Имаше неколку модели, а луѓето често го гледаа како ги вози низ Италија или Лос Анџелес. Сепак, ова е хоби од кое морал да се откаже – минатата година имаше сообраќајна несреќа во Италија.
Неговата сопруга, Амал Клуни, го натерала да се ослободи од колекцијата.
Домот во Мексико: 50 милиони
Клуни платил 50 милиони за прекрасен дом во Мексико. На земјиштето има две посебни вили, од кои едната ѝ припаѓала на Синди Крафорд. Вилата на Клуни има 7 спални соби, 10 тоалети и камин на отворено, а базенот има прекрасен поглед на океанот.
Актерот ја продал куќата во 2015-та година, најверојатно бидејќи сакал да инвестира во друга недвижнина во Мексико.