Сите дечковци на Кајли Џенер, пред да се „смири“ со Тревис Скот
- Детали
- четврток, 05 септември 2019
Кајли Џенер веќе неколку години е во врска со раперот Тревис Скот, а заедно ја имаат и ќерката Сторми. Но пред да ја пронајде својата сродна душа, Кајли беше со неколку различни момчиња.
Погледнете ја љубовната историја на Кајли од нејзината прва љубов, па сè до денес:
Ремзи IV: 2008 – 2011
Ремзи го освоил срцето на Кајли кога била седмо одделение. Биле во врска околу три години, но како што растеле, патиштата им се разделиле.
Коди Симпсон: 2011
Пред Кајли да почне да го привлекува вниманието на јавноста, таа беше во врска со Коди Симпсон. Наводно тие биле во врска, но изгледа дека Коди не бил заинтересиран колку Кајли.
Пред Коди да ја започне врската со Џиџи Хадид, тој изјави дека тој ја оставил Кајли.
Џејден Смит: 2013
Можеби најинтересното нешто од оваа врска е тоа што Кајли ја запозна Џордин Вудс, која подоцна ѝ стана најдобрата пријателка, преку Џејден.
Кајли и Џејден се држеа подалеку од очите на јавноста, а дури постојат и сомнежи дека воопшто не биле заедно.