Животот на Дијана Спенсер пред да стане „принцезата на народот“, низ фотки
Во поголемиот дел од работните места, Дијана работела со деца, па очигледно е колку ги сакала. Откако се родиле Хари и Вилијам, таа минувала повеќе време со нив од која било кралска мајка.
Во 1980-ма година Чарлс и Дијана повторно се сретнале. Ова било прв пат Чарлс да почне да размислува за Дијана како негова идна сопруга.
Чарлс ја поканил Дијана да му се придружи на кралската јахта, а потоа ја поканил во кралскиот дом во Шкотска. Токму таму Дијана го запознала семејството на Чарлс. Кога идниот крал добил дозвола од семејството, почнал посериозно да ја сфаќа врската со Дијана.
Чарлс ја запросил Дијана на 6-ти февруари 1981-ва година, а веста за свршувачката се објави дури на 24-ти февруари. Веднаш по објавата, Дијана почна да го привлекува вниманието на јавноста.
Дијана имала само 19 години и била преплавена од целото внимание што почнала да го добива. Чарлс, од друг страна, имал 32 години и целиот живот го поминал пред очите на јавноста.
Чарлс и Дијана се венчаа на голема церемонија во катедрала Свети Павле, на 29-ти јули 1981-ва година и Дијана официјално стана принцезата од Велс.
Дијана стана една од најсаканите кралски личности на сите времиња, но нејзиниот живот заврши прерано во трагичната сообраќајка на 31-ви август, 1997-ма година.
Спирова С. | Црнобело