Животот на Дијана Спенсер пред да стане „принцезата на народот“, низ фотки
Уште во нејзиното детство, Дијана се грижела за другите и сакала да прави добро. Навистина сакала животни и имала миленици - хрчаци, зајаци, мачки, кучиња и коњи.
Кога имала 7 години, нејзините родители се развеле. Ова било навистина тежок период за семејството бидејќи разводот завршил со битка за старателство. На крајот, татко ѝ го добил старателството над Дијана, а таа имала навистина лош однос со нејзината маќеа.
До својата 9-та година Дијана била образована дома. Потоа била запишана во женското училиште Riddlesworth Hall.
Во 1973-та година, кога Дијана имала 12 години, таа им се придружила на нејзините сестри во женското училиште West Heath. Дијана можеби немала најдобри оценки, но покажувала одлични резултати во свирење пијано, пеење и пливање. Била срамежлива, но одлично се согласувала со другите.
Дијана ја добила титулата „Лејди“ во 1975-та година кога татко ѝ ја добил титулата Ерл.
Во 1977-ма година, кога Дијана имала 16 години, таа прв пат го запознала принцот Чарлс. Во тој период Чарлс бил во врска со нејзината постара сестра. Ниту еден од нив не помислувал на заедничка иднина, но било јасно дека си се допаѓале.
Потоа Дијана се преселила во Лондон и живеела во стан со две пријателки, а тогаш почнала и да работи. Таа работела како учителка по танцување, асистент во градинка, чистачка, дадилка…