Животот на Дијана Спенсер пред да стане „принцезата на народот“, низ фотки
- Детали
- понеделник, 02 септември 2019
Пред Дијана да стане „принцезата на народот“, таа била Дијана Спенсер, ќерка на Едвард Џон „Џони“ Спенсер. Нејзиниот татко бил благородник и пријател на британското кралско семејство.
Дијана имала релативно нормален живот, и покрај нејзината врска со кралското семејство. Таа пораснала како и секое дете – одела на училиште, се дружела со нејзините врсници и си играла надвор со другите деца.
Погледнете како изгледал нејзиниот живот пред да стане принцезата што ја знаеме сите:
Дијана е родена на 1-ви јули 1961-ва година во Норфолк. Таа имала две постари сестри – Сара и Џејн, и помлад брат – Чарлс. Една година пред да се роди Дијана, нејзините родители имале уште едно дете, Џон, кое починало кратко по неговото раѓање.
Семејството на Дијана отсекогаш било блиско со кралското семејство. Всушност, кралицата и други членови од кралското семејство присуствувале на венчавката на родителите на Дијана.
Покрај тоа, семејството Спенсер живеело на кралски имот. Тие живееле во Park House, дом што го изнајмувале од кралицата Елизабета.
Кога семејството на кралицата престојувало на имотот, Дијана си играла со помладите синови на Елизабета – Ендру и Едвард. Но тогаш не ни била свесна дека ќе се венча со нивниот постар брат.
Дијана била слатко мало девојче кое го сакало животот, а според фотографиите можете да забележите дека навистина наликува на нејзината внука, принцезата Шарлот.
Park House било одлично место за деца и Дијана имала релативно нормален живот.