Приватни авиони, острови и замоци – Што си подаруваат славните парови?
- Детали
- петок, 30 август 2019
Од кучиња од 50.000 долари до приватни авиони, замоци и острови – што си подаруваат славните парови за годишнини и родендени?
Тие можат да си дозволат што и да посакаат па ги опсипуваат саканите со скапи и луксузни подароци на кои многумина не би ни помислиле.
Што им купуваат славните личности на своите сакани и до кои крајности одат?
Кајли Џенер и Тревис Скот
Минатата година раперот ѝ подари редок Rolls Royse од 1950-ите, оваа година ѝ приреди изненадување со тепих од рози, цветен аранжман со бројот 22 и ѝ подари дијамантско ланче.
Подароци од бившиот на Кајли
Поранешното момче на Кајли, Тајга постави високи граници – во 2015-та ѝ подари булдог од 50.000 долари, како и Ferrari – изгледа Кајли си наоѓа дарежливи момчиња.
Ким Кардашијан и Канје Вест
Канје ѝ има подарено на Ким градник од 5 милиони долари, 10 ресторани од ланецот ресторани Burger King и кутија со Apple слушалки, Adidas чорапи и играчка Мики Маус. Во втората кутија, покрај симболичните подароци, се наоѓале акциите од истите компании.
Бекамови
Веќе 20 години ја живеат љубовната бајка, а покрај подароците кои Дејвид ѝ ги подарил на Викторија, како Bentley, дијамантски прстени и многу други луксузни додатоци, на литата се најде и европски замок.
Бранџелина
Поранешните сопружници привлекуваа многу внимание, а кога станува збор за подароци, не се штедеа. Таа му има подарено на поранешниот сопруг приватен хеликоптер и сертификат за возење и управување. Бред го вратил долгот така што ѝ подарил приватен авион.
Бијонсе и Џеј Зи
Како најмоќен пар, секако и нивните подароци се екстравагантни. Бијонсе му има подарено на сопругот ексклузивно Bugatti Veyron Grand Sport од 2 милиони долари, а тој ѝ вратил со приватен остров на Бахамите.
М. М. | Црнобело