Рајан Рејнолдс ѝ го честиташе 32-иот роденден на Блејк Лајвли со најлошите фотки од неа
- Детали
- понеделник, 26 август 2019
Тие се познати по нивните меѓусебни шеги и „тролања“, а овојпат актерот ѝ го „уништи рејтингот“ на сопругата со ужасните фотки од неа кои ги објави за нејзиниот роденден.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се единствениот пар во Холивуд кој се однесува сосема природно, а тие не се срамат јавно да се посрамотуваат и да си прават шеги на нивна сметка.
Актерот е секогаш расположен да ја засрами сопругата со лоши фотки од неа, па така ѝ го честиташе 32-иот роденден на бремената Блејк.
На неговиот Инстаграм профил објави 10 фотки од нивната досега невидена колекција, на кои Блејк и не е толку совршена како на црвениот тепих...
Ова не е првпат на сличен начин да ѝ го честита роденденот, со оглед на тоа што во 2017-та објави фотка од нив двајца, на која Блејк едвај се гледа и напиша „Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга“.
Како вие би ја прифатиле оваа шега и честитка?
Прочитајте и 5 причини заради кои Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се холивудски пар за пример
M. M. | Црнобело