„Сè што гледам е средовечна криза“ - Смелата топлес фотка на Хајди Клум мета на критики
- Детали
- вторник, 20 август 2019
Таа стапи во брак по трет пат и ужива во медениот месец, но фановите бесни коментираат „Сети се дека си мајка на 4 деца“.
Германскиот супермодел ужива на меден месец во Италија со 29-годишниот сопруг Том Каулиц.
46-годишната Хајди Клум на Инстаграм објави смела топлес фотографија, но наиде на лавина од критики. Таа позираше обвиена со пешкир, но со доза на голотија и провокација.
Описот на фотографијата гласи: „Сè што гледам е вода“, а еден од коментарите на фановите под фотографијата е „Сè што гледам е средовечна криза“.
Други пак ѝ порачаа да размисли дека со своето однесување си ги срами децата. „Ти не си само жена, ти си и мајка на 4 деца... Која е целта на ова? Дали е добро за твоите деца тинејџери?“
Но, наместо одговор Хајди објави уште една разголена фотка од себе. Таа позираше во бикини свртена со грб.
Критиките продолжија: „Мора да одиш на фитнес, бабо“, „Доволно е веќе. Супер што се омажи повторно и повторно.“
Хајди не одговори ниту на овие критики, туку продолжи да си ужива на медениот месец во Италија.