Луѓе кои се откажале од своите кралски титули од разни причини

Откако се роди Арчи, бебето на Меган и Хари, почнаа многу шпекулации за тоа дали момчето ќе добие некоја титула. Од Бакингемската палата изјавија дека парот добил предлог титула, но дека го одбиле поради за нас непознати причини. Сепак, парот не се обидува да го скрие фактот дека сакаат да го одгледаат Арчи како обичен граѓанин.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-01.jpg

Но, Хари и Меган не се првите кои одбиле кралска титула.

Многу членови од кралските семејства ширум целиот свет се откажале од своите титули, а понекогаш за навистина чудни причини.

Кралот Едвард VIII се откажал од тронот за да се венча со Волис Симпсон

Во 1937-ма година, кралот Едвард се откажал од неговата титула за да може да се венча со двапати разведената американка Волис Симпсон.

Во тој период, англиската црква не им дозволувала на разведените да се венчаат во црква. Поради ова, Едвард не можел да остане крал доколку сака да се венча со Симпсон.

Едвард му ја предал кралската титула на својот брат, Џорџ VI, кој пак ѝ ја предал на сегашната кралица Елизабета. Едвард и Симпсон станале војводата и војвотката од Виндзор, но повеќе тој не бил неговото кралско височество.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-02.jpg

И шпринцезата од Тајланд се откажала од тронот за љубов

Принцезата Уболратана одбрала да се венча со Питер Џенсен наместо да ја задржи својата титула. Иако парот се разведе во 2001-ва година, Уболратана сè уште не си ја врати кралската титула.

Таа проба да започне кариера во политиката па дури и сакаше да биде премиер, но беше спречена од нејзиниот брат, кралот Маха.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-03.jpg

Принцот Филип се откажал од родната титула за да стане Британец

Кога принцот Филип се венчал за Елизабета, тој морал да се откаже од неговата родена титула. Пред бракот тој бил принц на Грција и Данска, но сега е член на британското кралско семејство.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-04.jpg

Марк Филипс се откажал од титулата поради непознати причини

Принцезата Ан се венчала со Марк Филипс во 1973-та година. Наводно, Филипс добил понуда за титула од кралицата, но ја одбил од непознати причини.

Децата на парот, Питер и Зара, исто така немаат кралски титули.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-05.jpg

Мажот на шведската принцеза ја одбил титулата

Принцезата Маделин се венча со бизнисменот Кристофер Онил во 2013-та година. Но, за Кристофер да ја добиел кралската титула, требало да се откаже од неговото британско и американско потекло и да го прифати презимето на Маделин – нешто што одбил да го направи.

И Маделин решила да го задржи нејзиното презиме за да го зачува својот кралски статус.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-06.jpg

Норвешката принцеза ќе престане да ја користи својата титула за „комерцијални цели“

Норвешката принцеза Марта Луиз изјави дека ќе престане да ја користи својата титула во комерцијален контекст. Претходно принцезата ја користеше својата титула за да ја промовира нејзината духовна тура со нејзиното момче со насловот „Принцезата и шаманот“.

Набрзо потоа изјавила дека ѝ е жал што го направила тоа и дека нема да ја повтори грешката.

lugje-koi-se-otkazhale-od-svoite-kralski-tituli-poradi-razni-prichini-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg