Џеј Ло го надмина Алекс – му подари винтиџ автомобил од 200.000 долари
- Детали
- петок, 16 август 2019
Тој неа ѝ купи Porsche од 140.000 долари, но Џеј Ло го „надмина“ со персонализиран винтиџ автомобил, чие обновување со луксузна внатрешност чини 200.000 долари.
За 50-иот роденден на Џеј Ло, Алекс Родригез покажа дека не му е проблем да се потроши малку повеќе за саканата, но пејачката не дозволи неговиот подарок да биде подобар од нејзиниот.
По повод 44-иот роденден, таа му подари многу редок и посебен Ford Bronco автомобил кој таа го одбрала и го персонализирала за Алекс.
Иако е од 1976-та и со винтиџ изглед, сепак автомобилот е модифициран со модерна технологија, клима, греачи на кожените седишта, задна камера, а луксузниот ентериер вклучува и изгравирана „13-ка“ помеѓу седиштата, во чест на неговиот број на дрес.
Целото обновување на автомобилот и опремувањето со луксузни додатоци чини 200.000 долари.
Кога Џеј Ло и Алекс се возат – се возат со стил...
https://www.instagram.com/p/B1KpvQIg0jf/
М. М. | Црнобело