Први детали за свадбата на Рафаел Надал и Мариа Перељо
- Детали
- четврток, 15 август 2019
По 14-годишна врска, Рафаел Надал минатата година тајно се вери со саканата, а конечно е откриено каде и кога ќе го кажат судбоносното да.
Уште тогаш беше познато дека парот сака да се венча наесен на шпанскиот остров Мајорка, а сега информацијата е потврдена.
Рафаел Надал и Мариа Перељо ќе се венчаат на 19-ти октомври во Поленса, град на Мајорка, а церемонијата ќе се одржи на пладне, на фарма.
Местото кое тие го избрале за свадбата ќе биде со високо ниво на безбедност, а се очекува да биде еден од најголемите настани на годината, со оглед на тоа што ќе присуствуваат голем број познати личности, посебно од спортот.
Вереницата на тенисерот во јули беше забележана во авион за Малага со пријателките, каде се претпоставува дека ја прослави моминската забава.
Засега не се познати други информации за свадбата, а парот сигурно ќе ги одржува во дискреција деталите за организацијата, со оглед на тоа што одбиваат интервјуа.
Прочитајте и Која е Мариа Перељо, вереницата на Надал, која ја запроси по 14-годишна врска?
M. M. | Црнобело