„Не ви го препорачувам за одмор“: Џиџи и Бела Хадид ограбени на Миконос
- Детали
- понеделник, 12 август 2019
На објава на Instagram, Џиџи Хадид се заколна дека никогаш повеќе нема да се врати на грчкиот остров Миконос. Причината е што додека биле излезени, луксузната вила во којашто отседнувале со сестра ѝ Бела била ограбена.
Супермоделите биле навистина потресени откако крадците влегле во нивното сместување на Миконос и украле накит, облека, чанти и очила. Нивниот татко, Мохамед Хадид, изјавил дека и двете биле видно вознемирени после инцидентот.
„Џиџи ми се јави на аеродромот кога полетуваше. Беше трауматизирана. Биле излезени и со нив било нивното обезбедување. Некој провалил во куќата и биле ограбени.“
Сестрите се упатија кон грчкиот остров минатата недела за да го прослават роденденот на нивната постара сестра Ана. Но, поради инцидентот, фатиле чартер-лет до дома.
Џиџи ја споделила приказната на нејзина објава на Instagram.
„Не му дозволувајте на Instagram да ве излаже. Нè ограбија. Никогаш не се враќаме. Не го препорачувам. Потрошете ги парите на некое друго место.“
Според некои извори, сестрите сметале дека станува збор за внатрешна работа. Наводно, вработените во куќата имале пристап до нивниот дом, па можеби биле вклучени во грабежот.
Спирова С. | Црнобело