Што ѝ подари Тревис на Кајли за 22-иот роденден + како изгледаше прославата на јахта во Италија?
- Детали
- понеделник, 12 август 2019
Иако не се омажи, сепак за 22-иот роденден одлучи да носи фустан-венчаница, додека уживаше со најблиските на јахта, која чини 1 милион долари за една недела.
Кајли Џенер е прогласена за најмладиот милијардер, па има доволно пари за да си овозможи роденден од соништата.
За 22-годишната мајка тоа изгледа вака – јахта од 250 милиони долари, која чини 1 милион долари за неделно изнајмување, огромни цветни декорации и торта, невестински фустан кој предизвика многу гласини + уште неколку впечатливи аутфити и семејството на куп.
https://www.instagram.com/p/B0_3yTxHc3-/
Мама Крис со 38-годишното момче, Кортни со децата, нејзиниот бивши, Скот Дисик со девојката Софија Ричи и Клое Кардашијан беа дел од гостите, а Ким за жал не присуствувала.
Она што не може да помине незабележано е подарокот од нејзиниот сакан, Тревис – дијамантско ланче со знакот на нејзиниот бренд, a според експертите, истото може да чини околу 370.000 долари.
По роденденот парот ужива на брегот на Амалфи заедно со ќеркичката - фотки од патувањето по повод роденденот на Кајли:
М. М. | Црнобело