Кејт Мидлтон собра храброст да облече „забранети“ шорцеви по 11 години (фото)
- Детали
- петок, 09 август 2019
Кралското семејство овојпат се појави во понеофицијално издание и „избега“ од строгите правила.
Принцезата Шарлот ги насмеа присутните на еден хуманитарен настан кога наместо со раката да ги поздрави, таа го исплази јазикот кон нив.
4-годишната Шарлот заедно со Џорџ (6) им беше поддршка на родителите додека тие пловеа за хуманитарни цели.
Кејт Мидлтон на изненадување на сите се појави во куси шорцеви, а судејќи според насмевката на нејзиното лице таа дефинитивно обожава спортски активности.
Интересно е што Кејт последен пат во вака куси шорцеви е видена на една забава во 2008 година, па дури сега, 11 години подоцна. Во меѓувреме таа стилот го прилагоди на кралските правила, а во 2014 година дури и на пловење беше со долги панталони.
Прочитајте и 15 фотографии кои Кејт Мидлтон не би сакала никогаш да ги видите!
Фотки од расположеното семејство:
С. С. | Црнобело