Пред роденденот на Кајли Џенер во Италија, Тревис Скот конечно грижлив татко (фото)
- Детали
- четврток, 08 август 2019
Младата милијардерка шета низ Позитано на Амалфи брегот пред својата роденденска прослава.
21-годишната Кајли Џенер ужива во Италија со својот сопруг. Парот со приватен џет пристигна во Позитано на брегот на Амалфи, а со нив е и малата Сторми.
Најчесто гледаме како Кајли е посветена на нивната ќерка и шета со неа, но овој пат Тревис се покажа во улогата на татко и во раце постојано ја држеше 18-месечната Сторми.
И покрај долгиот лет од Калифорнија парот очигледно ужива во убавината на ова мало живописно италијанско место.
Инаку, Кајли ќе го прослави својот 22-ри роденден на 10-ти август во Италија. Со нив на патувањето е и нејзината мајка Крис Џенер со момчето Кори.
Кајли Џенер со семејството во Италија:
С. С. | Црнобело