Можете да им бидете соседи на Кејт и Вилијам, но само ако следите три правила

Доколку сте фан на кралското семејство, имаме одлични вести за вас. Имено, можете да ја изнајмите куќата што се наоѓа веднаш до домот на Вилијам и Кејт и да бидете кралски сосед.

mozhete-da-im-bidete-sosedi-na-kejt-i-vilijam-no-samo-ako-sledite-tri-pravila-01.jpg

Вилата на Кејт и Вилијам Анмер Хол во Норфолк е дел од имотот Сандрингам што ѝ припаѓа на кралицата Елизабета. Иако кралскиот пар поголемиот дел од времето го минува во Лондон, доста време поминуваат и во вилата.

mozhete-da-im-bidete-sosedi-na-kejt-i-vilijam-no-samo-ako-sledite-tri-pravila-02.jpg

Иако Сандрингам е кралски имот, одвреме-навреме тамошните куќи се издаваат и на „обичните“ луѓе.

Куќата што се издава е веднаш до Анмер Хол и тоа за изненадувачки ниска цена. Односно, ќе ви бидат потребни околу 850 долари месечно. Навистина евтино за куќа со две спални, веднаш до кралското семејство.

Сепак, постојат одредени услови. Изгледа дека живеењето до кралско семејство не доаѓа без правила. Апликациите за куќата се отворени, но сите заинтересирани треба да ги земат предвид следниве нешта.

mozhete-da-im-bidete-sosedi-na-kejt-i-vilijam-no-samo-ako-sledite-tri-pravila-03.jpg

Забрането е чување мачки

Лоши вести за учителите на мачките. Според веб-сајтот на Сандрингам, постои строга забрана за мачки на целиот имот. Не се знае која е точната причина за оваа забрана.

mozhete-da-im-bidete-sosedi-na-kejt-i-vilijam-no-samo-ako-sledite-tri-pravila-04.jpg

Дозволени се само некои раси на кучиња

Според веб-сајтот, можете да чувате куче, но и за ова ќе ви дале некои правила. Но изгледа нема да имате никаков проблем со миленикот, бидејќи и Вилијам и Кеј наводно можат да го чуваат нивното куче во Анмер Хол.

mozhete-da-im-bidete-sosedi-na-kejt-i-vilijam-no-samo-ako-sledite-tri-pravila-05.jpg

Куќата не може да се користи како викендица

Доколку сакате да ја изнајмите куќата само на неколку денови или недели, заборавете на тоа. Полисата на имотот е дека ако сакате да ја изнајмите куќата, таа треба да ви биде примарното живеалиште.

Истовремено, треба да работите некаде во близина. Па доколку сакате да одите овде, подгответе се да останете подолго.

mozhete-da-im-bidete-sosedi-na-kejt-i-vilijam-no-samo-ako-sledite-tri-pravila-06.jpg

Покрај овие правила има уште неколку нејасни насоки. Наводно домот нема да му биде издаден на оној што ќе дојде прв, туку на оној којшто најдобро ќе ги исполнува условите. Па, доколку сте подготвени за кралски живот, можете да аплицирате уште денес.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“ „Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснув...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg