Познати личности кои направиле тетоважи во чест на нивните деца
- Детали
- сабота, 10 август 2019
Тетоважите станаа навистина популарен украс на телото, без разлика дали имаат значење или не.
Многу луѓе одлучуваат да напрaват тетоважа во чест на некоја сакана личност, а овде спаѓаат и познатите. Во продолжение погледнете кои славни личности имаат направено тетоважи во чест на нивните деца.
Мет Дејмон
Мет ретко споделува детали од неговиот приватен живот, но ја откри неговата нова тетоважа пред некој ден. На неговиот десен бицепс веќе го има тетовирано името на сопругата Луси, а сега ги додал и имињата на неговите ќерки Алексија, Изабела, Џиа и Стела.
Криси Тајген и Џон Леџенд
Во април оваа година Криси и Џон направиле заедничка тетоважа. Тетоважите се во чест на нивното семејство и Криси го истетовирала зборот „johnlunamiles“, a Џон „chrissylunamiles“.
Џесика Алба
Во март оваа година актерката откри дека има три тетоважи во чест на нејзините деца. Тетоважите се нивните хороскопски знаци – Близнаци за Хонор, Лав за Хејвен и Јарец за Хајес.
Меклмор
Во чест на првиот роденден на неговата ќерка, раперот го истетовирал нејзиното име на неговите гради.
Дејвид Бекам
Фудбалерот има направено неколку тетоважи во чест на сопругата Викторија и децата Бруклин, Ромео и Круз. Но тетоважата за ќерката Харпер ги победи сите. Тој ѝ дозволил на ќерка му на му нацрта нешто на раката и потоа го истетовирал цртежот.