Ким упорно се труди летово да направи тренд од апостолките на штикла (фото)
- Детали
- среда, 07 август 2019
Ким и Канје беа забележани како одат на вечера во мексикански ресторан, а ѕвездата повторно се појави во апостолки на штикла, додека нејзиниот сопруг носеше чизми.
Каде и да се појави летово, Ким ги промовира апостолките на штикла од брендот на нејзиниот сопруг, Канје.
Иако за првпат се појави во апостолки на штикла минатата година, летово таа упорно се труди да направи тренд од овие бизарни чевли кои според многумина засекогаш треба да останат во минатото.
Во лежерни комбинации или елегантни – Ким ги носи апостолките на штикла во секоја можна прилика.
Во продолжение фотки од парот на вечера + секој пат кога Ким се појави во нејзините омилени чевли за лето:
М. М. | Црнобело