Како изгледа јахтата од 250 милиони долари која Кајли Џенер ја изнајмила за 22-иот роденден?
- Детали
- понеделник, 05 август 2019
Кино сала, салон за убавина, базен, џакузи, хелиодром – што сè има на луксузната јахта на која Кајли ќе го прослави 22-иот роденден?
На 10-ти август, ријалити ѕвездата ќе наполни 22 години, а според TMZ, таа нема воопшто да штеди за прославата.
Со оглед на тоа што стана најмлад милијардер на 21 година, на Кајли Џенер не ѝ е проблем да одвои 1 милиони долари само за изнајмување на јахта која инаку чини 250 милиони, каде ќе го прослави 22-иот роденден.
Јахтата која наводно ја изнајмила е долга 90 метри и има соби за 22 гости, а вклучува и 3 ВИП соби, спа, салон за убавина, кино, теретана, базен, бар и хелиодром.
Останува да видиме каде ќе отплови Кајли со друштвото за нејзиниот роденден, а засега може да ѕирнете во луксузната јахта:
М. М. | Црнобело