Боса и без шминка - Фотки од „втората свадба“ на Хајди Клум (46) и Том Каулиц (29) во Капри, Италија
- Детали
- понеделник, 05 август 2019
Откако во февруари тајно се венчаа, германскиот супермодел и 17 години помладото момче, викендов направија прекрасна свадба на јахта во Капри, Италија.
46-годишната Хајди Клум ја пронајде среќата во 29-годишниот Том Каулиц, а љубовта ја крунисаа викендов во Италија, со најблиските.
Тие си разменија завети на јахта, декорирана со цвеќиња, а невестата изгледаше прекрасно во елегантна венчаница, без многу кич и боса, а со едноставната шминка ја покажа природната убавина.
На свадбата присуствуваа и четирите деца на Хајди Клум од претходниот сопруг, а по церемонијата германската убавица беше забележана во бело монокини и топлес, како ужива во сончање и во вода.
Германскиот пар ужива во убавините на италијанскиот остров Капри веќе цела недела, а го прославија крунисувањето на љубовта неколку пати, во различни аутфити.
Погледнете ги фотките од свадбата и одморот во Капри:
M. M. | Црнобело