Хајди Клум ужива на одмор со 19 години помладиот вереник, пред свадбата во Капри (фото)
- Детали
- среда, 31 јули 2019
Хајди Клум и 19 години помладото момче Том Каулиц уживаат на одмор во Капри, каде наводно деновиве ќе им се одржи свадбената церемонија.
46-годишната Хајди Клум и 27-годишниот Том Каулиц беа во врска околу 1 година, кога во декември 2018-та тој ја запроси германската убавица.
Иако се мистериозни во врска со свадбата и имаше гласини дека тие тајно се венчале, сега светските медиуми шпекулираат дека свадбената церемонија ќе се одржи во наредните неколку дена италијанскиот остров Капри.
Деновиве тие се на одмор таму и уживаат во истражувањето на прекрасното место, па останува да следиме што ќе се случува деновиве во Капри.
Парот е забележан на прошетка низ улиците на гратчето – Хајди облечена во бел кафтан, а том во лежерно издание со жолти шалвари.
Хајди и Том на одмор во Капри:
М. М. | Црнобело