Меркел била научник, Мишел – адвокат: Со што се занимавале влијателните жени во младоста?

Дали влијателните жени на 21-иот век во младоста се занимавале со истото што и денес и колку работеле на нивните кариери во периодот од 20-ите до 30-ите години, кој според многумина, го дефинира животот.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-01.jpg

Според многу успешни луѓе, она што ќе го правите во периодот од 20-ите до 30-ите години, го дефинира целиот ваш живот, па затоа не ги поминувајте овие години во губење време.

Во овој период од 10 години се носат некои од најважните животни одлуки, се градат врски, се создаваат контакти, се бира кариера и се заработуваат пари.

Но, дали успешните жени на 21-виот век се занимавале во тој период со истото што и денес и колку се посветиле на нивните кариери?

Погледнете што правеле влијателните жени на денешницата во младоста:

Ангела Меркел

Младата Меркел студирла физика во Лајпциг, а на 20 години го запознала нејзиниот сегашен сопруг.

По дипломирањето, тие се преселиле во Берлин и се вработиле. Ангела добила позиција во Централниот институт за физичка хемија, а во периодот од 20-30 години таа целосно се посветила на науката.

За политиката почнала да размислува во 1989-та, по падот на Берлинскиот ѕид, кога имала 35 години.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-02.jpg

Хилари Клинтон

Иако сонот од детството на Хилари ѝ бил космосот и често испраќала писма до НАСА за да прашува како да стане астронаут, таа на 18 години почнала да учи право и политички науки.

На факултет, таа го запознала Бил Клинтон, кој ѝ стана сопруг во 1975-та. Хилари докторирала и имала политички амбиции. Но, во младоста таа решила да го поддржи нејзиниот сопруг и не продолжила со сопствена кариера.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-07.jpg

Мишел Обама

Младата Мишел имала диплома по право од универзитетите Принстон и Харвард. По завршувањето на студиите, таа се вратила во Чикаго и почнала да работи како адвокат во локална адвокатска канцеларија.

Еден од колегите, ѝ стана сопруг – таа се венчала со Барак кога имала 32 години, а потоа исто како Хилари, одлучила да го поддржи во неговата политичка кариера.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-06.jpg

Опра Винфри

Во 20-ите години, Опра преживеала толку многу работи, што би можело да се сними филм за нејзиниот живот – бременост на 14 години, победа на натпревар за убавина, студирање, работа како новинар.

Па, не е ни чудо што до 22 години таа имала толку многу животно искуство и самодоверба, заради што лесно ја добила работата за водење на утринско шоу.

Публиката веднаш ја засака, а во 1986-та, го лансираше своето шоу, кое ја направи ѕвезда.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-05.jpg

Бијонсе

Таа е на сцената уште од детството – на 8-годишна возраст пеела во детска група, која набрзо се претвори во легендарната Destiny’s Child.

На 22 години таа го објави нејзиниот деби албум, па многу брзо стекна популарност во Америка и целиот свет.

Бијонсе цел живот била посветена на нејзината кариера и не дозволила ниту распаѓањето на групата, ниту сопругот, ниту децата да влијаат на она што таа го гради цел живот.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-04.jpg

Ана Винтур

Ана била заинтересирана за мода уште од младоста, таа на 14 години ја направила нејзината препознатлива боб фризура која не ја менува до ден-денес.

По завршување со школувањето, девојката почнала да работи во магазинот на нејзиното момче, а на 21 година била вработена како асистент на модниот департман.

Уште тогаш, таа сонувала да биде уредник на Vogue, па самоуверено чекорела кон целта.

На 26 години, се преселила во Њујорк и почнала да работи во Harper's Bazaar, па била префрлена во Viva, и на крај, ја достигнала целта и се вработила во Vogue, каде денес е главен уредник.

merkel-bila-nauchnik-mishel-advokat-so-shto-se-zanimavale-vlijatelnite-zheni-vo-mladosta-03.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби од познати жени кои (најверојатно) ги намалиле образите Кира Најтли, Ања Тејлор Џој и Деми Мур се само дел од славните жени за кои јавно...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ни тие не се совршени: Лицата на познатите жени од лош агол, без Фотошоп (фото) И на скоро 60 години, Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. И...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg