Интересните приказни што се кријат зад тетоважите на познатите
- Детали
- понеделник, 29 јули 2019
Тетоважите станаа навистина популарни, па ретко кој не се истетовирал или барем не помислил да го направи тоа. Овде, се разбира, спаѓаат и славните.
Понекогаш луѓето прават тетоважи само затоа што им се допаѓа некоја слика или дизајн, но неретко тетоважите кријат и некоја приказна.
Во продолжение погледнете ги лудите приказни зад тетоважите на неколку познати личности.
Шон Мендес
Еден фан на Шон направил фотографија од пејачот на Фотошоп и му ставил тетоважа со пеперутка. Но сигурно не ни помислил дека Шон ќе ја види објавата, а уште помалку дека ќе му се допадне тетоважата.
Но на големо изненадување на фанот, Шон му одговорил: „Чекај, ова е одлично, можеш ли да ми го пратиш цртежот?“ и ја направил тетоважата.
Кендал Џенер
Во 2016-та година Кендал сакала да направи тајна тетоважа на усните со зборот meow. Но, тату артистот случајно ја открил тајната откако ја објави фотографијата на Инстаграм.
За целата ситуација Кендал изјавила: „Не ни планирав да ја покажам мојата нова тетоважа. Ја направив во јули и не сакав да кажам никому. Но во интервју случајно ја спомнав без да сфатам. Изгледа бев возбудена.“
Адам Левин
Фронтменот на Maroon 5 има многу тетоважи, но најчудна е приказната за онаа околу неговиот врат. Наводно, додека бил во Јапонија му станало здодевно и едноставно ја направил тетоважата.
Хари Стајлс
Поранешниот член на One Direction изгубил облог во 2013-та година. Тој изјави дека ќе ја истетовира буквата G од рагби тимот Green Bay Packers доколку победеле.
Но, бидејќи немал време за тетовирање на денот на натпреварот, ја направил тетоважата ден порано и бил убеден дека ќе победат. Но изгледа залудно ја правел тетоважата бидејќи наредниот ден, Green Bay Packers изгубиле.
Хари Стајлс (втор пат)
Изгледа дека на пејачот не му оди се тетоважите. Во 2015-та година за време на снимањето на епизода од The Late Night Show, тој и бендот One Direction играле рулет со тетоважи. Хари изгуби па морал да ги истетовира зборовите Late Late.
Деми Ловато
Иако Деми внимателно ги одбирала своите тетоважи, усните на нејзината рака биле моментна инспирација.
„Сега сум млада и можам д ја носам, кога ќе остарам тогаш ќе се грижам за неа“, изјавила таа за тетоважата.
Том Харди
Том изјавил дека морал да направи тетоважа откако изгубил облог со Леонардо Дикаприо. Леонардо бил убеден дека Том ќе добие Оскар за улогата во The Revenant, додека Хари не верувал во тоа. Губитникот требало да направи тетоважа што ќе ја избере победникот.
Бидејќи Том добил номинација за Оскар, го изгубил облогот. Тетоважата што ја избрал Лео бил натписот „Лео знае сè“, напишан со негов ракопис. Но Том не сакал да ја прави тетоважата, бидејќи како што изјавил, била многу грда.
Леа Мишел
Леа изјавила дека доаѓа од италијанско семејство каде што тетоважите се многу популарни. Најчесто одлуката да направи тетоважа била импулсивна. Имено, често се случувало некој од семејството да предложи сите да си направат тетоважа, а предлогот веднаш бил прифаќан.
Спирова С. | Црнобело