Кои фотографии од кралското семејство ги има изложено кралицата Елизабета во својот дом?
- Детали
- петок, 26 јули 2019
Зарем постои баба која нема изложено неколку фотографии од своето семејство во домот? Истото важи и за кралицата Елизабета.
Неодамна кралицата Елизабета се сретна со Борис Џонсон во нејзиниот дом по повод неговата нова работна позиција - тој е новиот премиер на Велика Британија.
На фотографиите од средбата фановите веднаш забележаа дека кралицата има изложено неколку фотографии во нејзиниот дом.
Елизабета има врамено фотографии од нејзините внуци, Вилијам и Хари, како и нивните сопруги, Кејт и Меган. Иако фотографиите се малку скриени, јасно се гледа дека се направени за време на кралските свршувачки.
Најнапред се наоѓа фотографија од Хари и Меган која најверојатно е направена во декември 2017-та година, од страна на фотографот Алекси Лубомирски. Истата фотографија беше претходно изложена во Кенгзитонската палата кога Хари имаше средба со непалскиот премиер.
Зад портретот на Меган и Хари е врамена поголема фотографија од Вилијам и Кејт. Парот е фотографиран во ноември 2010-та година, за време на објавувањето на нивната свршувачка.
На истото место може да се забележи и фотографија од Хари и Вилијам во нивните воени униформи.
Спирова С. | Црнобело