Тифани Трамп, најмладата ќерка на Доналд, троши пари во Грција со момчето милијардер
- Детали
- петок, 26 јули 2019
Парот престојува на луксузна супер јахта со 15 соби, а Тифани Трамп без шминка релаксирано ужива во убавините на Миконос.
Тифани Трамп (25) ужива во летото полно со љубов и авантури. Најмладата ќерка на Доналд Трамп ужива на грчкиот остров Миконос со нејзиното момче милијардер Мајкл Булос.
Мајкл потекнува од мултимилијардерско семејство од Нигерија и таму е пораснат. Ова е една од земјите кои Доналд ги нарекува со погрдни имиња и од кои не сака да прима имигранти.
Парот се возеше на јахта, а Тифани го гледаше своето момче додека се забавуваше со џет ски.
Тифани носеше наметка за плажа од 645 долари и изгледаше релаксирано без грам шминка на лицето. Парот потоа уживаше во елитните ресторани, забави и прошетки на островот.
Шетаа со обезбедување, но тоа не ги спречи папараците да направат фотки од парот. Отседнуваат на луксузна супер јахта со 15 соби која може да собере 30 гости и 31 член на екипажот и да се изнајми чини 618.000 долари неделно.
Прочитајте и Секси пози, пијани погледи: 15 фотографии од ќерката Тифани кои Доналд Трамп не сака да ги видите!
Тифани Трамп на Миконос:
С. С. | Црнобело