„Многу глупаво, срам да ти е“ - сопругот на Жизел Бундшен го ризикуваше животот на ќерка им?
- Детали
- вторник, 23 јули 2019
„Дали е добро девојчето?“, „Неодговорно, сè можеше да ѝ се случи на Вивиен“ се дел од обвинувањата кон Том Брејди.
Том Брејди со неговата сопруга Жизел Будшен и 6-годишната ќерка Вивиен беше на одмор во Костарика.
Сопругот на 39-годишниот супермодел е спортист и желбата за луди авантури сака да ѝ ја пренесе и на неговата мала наследничка. Том и малата Вивиен одлучија да скокнат од навистина висока карпа.
Девојчето беше преплашено и се премислуваше, но Том скокна држејќи ја неа за рака.
За среќа, Вивиен немаше повреди при падот.
Том го објави видеото на нивната авантура на својот Инстаграм профил, но покрај пофалби за храброста имаше и низа негативни коментари од типот: „Многу глупаво од твоја страна, како можеше да го направиш тоа?“, „Дали е добро рамото на девојчето?“, „Неодговорно, сè можеше да ѝ се случи на Вивиен“ инт.
Што мислите вие – забавно или опасно?