Бредли Купер ја врати ќеркичката Леа кај Ирина, по викендот поминат со неа (фото)
- Детали
- понеделник, 22 јули 2019
Откако се договорија за заедничко старателство, Бредли беше забележан како ја враќа ќеркичката Леа кај Ирина, по викендот поминат со неа.
По разделбата, Бредли Купер и Ирина Шајк не направија никаква драма и успеале да се договорат за заедничко старателство над ќеркичката Леа, без никакви интервенции од судот.
Иако во изминатиот период откако се разделија, малечката Леа ја гледавме само со нејзината мајка, викендов, Бредли бил забележан како ја зема ќерката од кај Ирина за да го помине викендот со неа.
44-годишниот татко гордо ја носеше ќеркичката, а на крајот на викендот беше забележан како ја враќа во домот на Шајк во Њујорк.
Бредли Купер и Илина Шајк на „одвоени“ прошетки со малечката Леа:
M. M. | Црнобело