Принцот Џорџ ги покажа паднатите запчиња на фотките кои Кејт ги направи за 6-тиот роденден
- Детали
- понеделник, 22 јули 2019
Со широка насмевка со паднати запчиња и во англиски фудбалски дрес, принцот Џорџ ѝ позирал на неговата мајка за шестиот роденден.
Секоја година за родендените на членовите од кралското семејство се објавуваат официјални портрети од нив, но Кејт Мидлтон има традиција сама да им прави природни фотки на нејзините деца.
По повод 6-иот роденден на принцот Џорџ, Кензингтонската палата објави неколку фотки кои неодамна ги направила војвотката, која се смета за талентиран аматерски фотограф.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство објавуваат три нови фотографии од принцот Џорџ за да го одбележат шестиот роденден на неговото кралско височество.“ – стои во описот на Инстаграм објавите.
На фотките, идниот крал, се смее додека лежи во градината и си игра во домот во Кензингтонската палата, облечен во фудбалски дрес од Англија, а позира и во поло маичка.
М. М. | Црнобело