- Детали
-
недела, 28 јули 2019
-->
Војводата и војвотката од Кембриџ се повеќе од осум години во брак. За разлика од принцот Хари и Меган Маркл, кои од самиот почеток на нивната врска не се воздржуваат од изразувањето нежности во јавност, тие двајцата едноставно не смеат да си дозволат такво нешто.
Поради кралската титула која му е предодредена во иднина, принцот мора да внимава на поведението.
-->
Не може да покажува претерани емоции кон сопругата, особено за време на службените настани, бидејќи од него во секоја ситуација, очекувано е стоички да се однесува.
Затоа и миговите кога беше очигледна нивната блискост, а притоа искажана и со одреден физички гестови, предизвикаа воодушевување кај јавноста.
Ова се ситуациите во кои Вилијам и Кејт го изненадија светот со однесувањето:
1. Војвотката нежно ја положи нејзината рака врз коленото на сопругот, за време на средбата со канадскиот премиер Џастин Трудо во 2016 година.
-->
-->
2. Таа го повтори истиот гест и на венчавката на принцезата Еугенија и Џек Бруксбанк, што се одржа на 12 октомври 2018 година во Виндзор.
-->
3. Eдна од најрадосните јавни прегратки, Вилијам и Кејт си ја дадоа еден на друг во 2012 година, откако британските велосипедисти освоија златен медал на Олимписките игри во Лондон.
4. Среќата на нивните лица беше очигледна, кога во очи одењето на меден месец, парот им позираше на фотографите во градината на Бакингемската палата, држејќи се за раце.
-->
5. Подеднакво нежни беа и при внимателното следење на пливачките трки во рамки на спортските игри на Комонвелтот во 2014 година.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира: