Кои се десетте најбогати брачни парови во светот на шоу бизнисот?
- Детали
- вторник, 23 јули 2019
Тие се славни двојки, чијшто заеднички имот се проценува на стотици милиони долари, па дури и цифри со девет нули. А, некои од сопружниците на листата се вистинско изненадување, бидејќи водат прилично скромен живот, односно не се расфрлаат со парите.
Шоу бизнисот е индустрија со мноштво предности и недостатоци. Ѕвездите се жртвуваат за професијата, ама високите хонорари дефинитивно никогаш не ги разочаруваат. Заработуваат огромни износи на пари, за кои обичните луѓе може само да сонуваат.
Магазинот The Reachest состави топ листа со познатите тандеми кои се највисоко платени во моментот. Па, ако се прашувате на кого му се посреќило со изборот на животен сопатник, но и со сумата на банковната сметка годинава, сега е можноста да дознаете.