Каде ќе го прослават Кејт и Вилијам 6-иот роденден на принцот Џорџ?
- Детали
- петок, 19 јули 2019
Принцот Џорџ ќе го дочека неговиот роденден со „тропско бегство“. Идниот крал го прославува неговиот роденден на семеен одмор на Карибите.
Кралското семејство, вклучувајќи ги Кејт, Вилијам, 4-годишната Шарлот и 1-годишниот Луис ќе го прослават роденденот на Џорџ, кој полни 6 години во понеделник, на приватниот остров Мистик.
Кралското семејство има посебна поврзаност со островот. Сестрата на кралицата, принцезата Маргарет, го користела како „засолниште“ после брачните проблеми со Ентони Армстронг-Џоунс во 70-тите. Овде таа изградила викендица која ја крстила Les Jolies Eaux (убавите води).
Оттогаш, неколку членови на кралското семејство го искористиле островот за релаксација. Вилијам и Кејт со години одат на Мистик, а го имаат однесено дури и семејството на Кејт.
Досега летото на Џорџ беше исполнето со забава. На почетокот на месецов тој им се придружи на неговите роднини и неговиот 2-месечен братучед Арчи. Исто така ѝ се придружи на сестра му Шарлот на локален фестивал во Беркшир со неговите баба и дедо, Керол и Мајкл Мидлтон.
Во есен, Џорџ ќе се врати на училиште во „Томас Батерси“, а за прв пат ќе му се придружи и сестра му Шарлот. Претходно, Кејт откри дека Џорџ на училиште учел за вселената и дека работел на танцувањето балет.
Спирова С. | Црнобело