Вистината за односот на принцот Хари и принцот Вилијам, пред и по Меган
- Детали
- петок, 19 јули 2019
„Меган не го „расипа“ Хари, само му даде можност да избега од неговиот контролирачки настроен постар брат“, велат членови на кралскиот персонал.
Откако Меган Маркл стана дел од кралското семејство како да се појави ривалство помеѓу браќата принцот Хари и принцот Вилијам.
Многумина токму поранешната американска актерка ја обвинуваат за разладување на односите помеѓу двајцата браќа. Но, која е вистината?
Иако гледано однадвор, изгледа како синовите на Дијана да се дистанцираа еден од друг по стапувањето на Хари во брак со Меган, извори блиски до кралското семејство откриваат дека тензијата помеѓу нив постоела одамна.
Принцот Хари исполнувал голем дел од кралските обврски заедно со Вилијам и Кејт Мидлтон и, иако триото изгледало како совршен тим, работите не биле толку сјајни. На Хари му здодеало од неговиот контролирачки настроен брат, кој постојано му давал некакви наредби и му наметнувал работи.
Членовите на кралскиот персонал велат дека тензијата постоела со години. „Вилијам сака да има контрола и го имаше тоа кога беа тројцата, но сега повеќе не, Меган не го „расипа“ Хари, само му даде можност да избега од неговиот постар брат. Не е фер што сите ја обвинуваат неа.“, вели еден од нив.
Сега, со Меган покрај себе и нејзиното искуство пред камери и со социјални мрежи, Хари гради слика за себе и своето најтесно семејство сам. „Тие се бренд сами по себе, и Вилијам ќе мора да се навикне на тоа“, вели изворот.
С. С. | Црнобело