Сосема нормално детство: Анџелина Џоли заедно со ќерката Вивиен купуваат зајче (фото)
- Детали
- четврток, 18 јули 2019
Во бел, лежерен фустан и со насмевка на лицето, Џоли со ќерката беа забележани како си одат дома со новиот крзнен миленик, а среќната Вивиен не го испушти зајчето од раце.
Анџелина Џоли повторно се враќа во форма и сè почесто ја гледаме во јавност, а сега беше забележана заедно со ќеркичката Вивиен.
44-годишната актерка била на прошетка со Вивиен, а на враќање кон дома се забележани со ново крзнено милениче.
11-годишното девојче изгледа сосема нормално, а очигледно нејзината мајка ја учи да ги цени вистинските вредности и да се радува на мали и значајни работи, наместо на луксуз.
На фотките, Вивиен во рацете носи транспортер, а потоа само во ќебенце го крие и носи слаткото зајче со кое мајка ѝ ја израдувала.
Џоли облечена во бел, лежерен фустан, блеска со насмевка на лицето, додека ќеркичката среќно го носи миленичето:
M. M. | Црнобело